Србија ќе добие 755.000 евра за мигрантите од Банката за развој на Советот на Европа

Од:

Србија ќе добие 755.000 евра наменети за згрижување на бегалците и мигрантите во земјата, откако денеска во Париз е потпишан договор за давање неповратни средства меѓу Србија и Банката за развој на Советот на Европа.

Договорот е потпишан за време на состанокот меѓу српскиот премиер Александар Вучиќ и директорот на Банката за развој на СЕ, Ролф Вензел.

Тоа претставува продолжување на помошта од 2,5 милиони евра, која Банката за развој веќе ја имплементирала, и најава за нови грантови на српската Влада за нејзините идни потреби, како за мигрантите, така и за локалното население.

Претставници на Банката за развој на СЕ истакнаа дека Србија претставува добар пример како свесно и одговорно се трошат парите на Банката.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград