Србија и Кина ќе потпишат договор за изградба на автопат

Од:

На самитот на Кина и 16 земји од средна и источна Европа во Будимпешта, Србија и Кина ќе потпишат договор за изградба на нов автопат.

Автопатот Е-763 во делницата Прељина – Пожега е долг 30,9 километри, а договорот е вреден вкупно 450 милиони евра.

– Новиот автопат ќе биде голем предизвик за српските и кинеските компании кои ќе учествуваат во оваа зделка бидејќи една третина од трасата ќе бидат мостови и тунели. Овој автопат има големо значење за поврзувањето на Србија и регионот бидејќи претставува продолжување на автопатот кон границата со Црна Гора, но е и дел од идниот автопат Белград – Сараево, бидејќи од Пожега остануваат да се изградат уште 6 километри до границата со Босна, изјави Михајловиќ.

Би можело да ве интересира

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД