Србија ја усвојува резолуција за Косово

Од:

Вонредна седница на владата на Србија на која треба да биде усвоена и резолуција за Косово.

Оваа резолуција ќе ги содржи клучните принципи од платформата на претседателот Томислав Николиќ и ќе биде компас за српскиот преговарачки тим во политичкиот дијалог со Приштина.

Веснико `Вечерње новости` пишува дека откако текстот ќе биде прифатен, до петок тој треба да биде поднесен до Парламентот, кој потоа ќе треба да се произнесе по него.

Неофицијално документот треба да содржи пет главни точки, од кои првата е дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово.

Претставниците на српскиот државен врв изјавиле дека Србија никогаш нема да прифати еднострано прогласена независност на Косово, дека дијалогот со Приштина ќе продолжи и секој негов напредок треба да биде проследен со напредок во евроинтеграциите на земјата, како и тоа дека статусот на северно Косово е од исклучително значење за Србија, а исто така и степенот на индивидуални и колективни права на Србите што живеат јужно од реката Ибар.

Вицепремиерот Расим Љајиќ изјави дека во резолуцијата мора да биде вклучено и прашањето за имотот на Србија во Косово, прашањето за заштита на културното наследство и иницијативата за вклучување на косовските Срби во преговарачкиот процес.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ