Министерството за правда на Србија и Турција денеска потпишаа три договори за меѓународно-правна соработка, меѓу кои и договор за испорачување на обвинетите и осомничените.
Министрите за правда Никола Селаковиќ и Седулах Ергин потпишаа договор за заедничка правна помош во граѓанските и трговските работи и договор за правна помош во кривичните работи.
-На овој начин ќе се исполни задачата Министерството за правда да создаде основи за поволен инвестициски амбиент-истакна Селаковиќ и додаде дека е убеден дека на правосудните органи нема да им биде проблем ефикасно и лесно да ги применат потпишаните договори.
Елена Георгиевска