Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора потпишаа обврска за контрола на оружјето

Од:

Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора денеска за време на Министерскиот совет на ОБСЕ во Базел потпишаа документ за преземање целосна одговорност за регионална стабилност и контрола на оружјето.

Потпишаниот документ содржи амандмани на членот 4 од Дејтонскиот договор, кои предвидуваат пренесување на надлежностите за контрола на оружјето во овие четири земји на поранешна Југославија.

Во присуство на шефовите на дипломатии од земјите-членки на ОБСЕ, меѓу кои е и претседавачот Дидие Буркхалтер, документот го потпишаа министрите Ивица Дачиќ од Србија, Златко Лагумџија од БиХ, Игор Лукшиќ од Црна Гора и Весна Пусиќ од Хрватска.

Членот 4 од Дејтонскиот мировен договор е потпишан во Фиренца во 1996 година, со цел за превенција на регионалната трка во оружувањето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик