Србија ги отвори преговорите со ЕУ

Од:

Србија вечерва ги отвори првите поглавја во преговорите со Европската унија со што почна процесот на усогласување со стандардите и нормите на европската заедница.

-Патот е долг и тежок, но Европа е со вас, рече министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн по меѓувладината конференција.

Еврокомесарот Јоханес Хан укажа дека ова е јак сигнал за странските инвеститори дека во Србија има мирна бизнис клима.

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е горд со овој датум кој ќе биде запишан во историјата.
-Им честитам на сите граѓани на големиот успех. Ова е голем ден, еден од оние кога испушуваме страница на историјата. Повеќе не мораме да сонуваме сонови за Европа, порача Вучиќ од Брисел каде ги отвори првите преговарачки поглавја со ЕУ, 32 и 35.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор