Во Србија во недела ќе се одржи вториот круг од претседателските избори.
Над 6 милиони и 770 илјади граѓани со право на глас ќе избираат меѓу кандидатот на коалицијата „Избор за подобар живот“ Борис Тадиќ, кој во првиот круг освои 25,31 процент од гласовите и кандидатот на коалицијата „Да ја придвижиме Србија“ Томислав Николиќ, кој доби поддршка од 25,05 проценти од гласачите.
Нов шеф на државата ќе биде кандидатот кој во вториот круг ќе освои повеќе гласови. Претседатлскиот мандат е пет години.