Србија: 69 починати во изминатите 24 часа, нови 7.782 заразени

Од:

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 22.497 лица, од кои за 7.782 е утврдено дека се заразени со коронавирусот, соопштија здравствените власти. Починале 69 лица, а 270 пациенти се приклучени на апарати за дишење.

Во институциите за социјална грижа и домовите за возрасни и стари лица во Србија, потврдено е присуство на коронавирус кај 1.677 корисници и 738 вработени, објави Министерството за труд.

Вкупниот број на излекувани корисници на установи за социјална заштита е 1.488, а бројот на излекувани лица кои се вработени во институциите за социјална заштита е 649.

Би можело да ве интересира

Прва жртва од невремето во Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

Обезбедете храна и лекови – времето во Србија може да биде опасно

Српските граѓани добиваат СМС од полицијата: Бидете внимателни и следете ги упатствата на надлежните органи

Горан Наумовски

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари објави Амнести интернешенел

Уште два нови земјотреси во Србија: Тлото се стресе во Краљево и во Мајданпек