Спасувачот го опишува ужасот во Грција: Вадевме само мртви, телата беа на нива, најмногу студенти

Од:

Патнички воз на релација Атина – Солун излета од шините пред тунелот Темпи, по сериозен судар со комерцијален воз на релација Солун – Лариса. Најмалку 32 лица загинаа, а над 60 од нив се повредени. Еден од спасувачите кој веднаш пристигнал на местото на настанот ја опишал катастрофата што ја затекнал.

„На местото на инцидентот испративме 20 волонтери на Црвениот крст од одделенијата Лариса, Катерин и Еласона. Не можеше да се приближи до првите три вагони бидејќи избувнал пожар. Стигнавме во 1 и пол по полноќ“, изјави спасувачот Никос за локалните медиуми.

Како што опишува, на лице место нашол голем број жртви, пренесува Прототема.

„Ситуацијата беше трагична бидејќи имаше многу мртви, од еден по полноќ па наваму само ги вадевме мртвите. На нивите најдовме четири до пет луѓе кои не беа живи, а во вагоните – главно во првите три – немаше никој жив. Повредените излегоа во првиот час до час и половина од таму, а потоа ги вадевме само мртвите“.

Спасувачот рече дека повеќето од жртвите се студенти.

„Во најголем дел од вагоните имаше млади луѓе, 80 проценти беа млади, до 30 години.

Би можело да ве интересира

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди

Сообраќајниот инспектор на Грчките железници е уапсен за несреќа кај Лариса

Горан Наумовски

Истрагата за судирот на возот во Грција покажа дека шефот на станицата не бил обучен за својата работа

Шефот на станицата во Лариса и 35 минути по несреќата не знаел за судирот на возот

ВИДЕО: Десетици илјади Грци на улиците поради железничката несреќа, фрлаа молотови коктели

Ана Ололовска

Шефот на станицата во Лариса останува во притвор

Горан Наумовски