Вистинската драма се случи во петокот во Грција, во областа Лимнос, кога деца, кои беа на даски за веслање (SUP), беа однесени во морето од ветерот.
Сè се случи во попладневните часови, пред очите на бројните капачи.
Според медиумскиот извештај, инцидентот се случил на плажата Плати, каде девет деца на три даски за SUP, беа „заробени“ на отворено море додека дуваа силни ветрови.
„Во еден момент сфативме дека три SUP-ови заминале со по три деца, значи вкупно девет, и дека веќе отишле предалеку. Ја повикавме крајбрежната стража. По 10 минути, луѓе од крајбрежната стража дојдоа да ја проценат ситуацијата, па решија да го повикаат хеликоптерот Супер Пума“, рече еден пливач кој учествуваше во спасувањето.
Во обид да им помогнат на децата, родителите и двајцата пливачи беа заробени во немирното море.
„Кога го извлеков првиот родител, а потоа и двата SUP-а, видов две постари лица со спасувачки чамец малку подалеку. Го зедов чамецот, отидов да ги земам трите деца кои немаа SUP-а и потоа и нив ги зедов. На едно од двете постари лица му беше потребна помош“, продолжи пливачот.
„Кога побрзав да помогнам, едниот родител веќе беше таму, не знаеше да плива, па го извлеков и тој извика по крајбрежната стража да дојде и да ги спаси неговите деца“, додаде тој.
Пливачите ја известија крајбрежната стража, а на местото на настанот пристигнаа патролен чамец, спасувачки чамец, две патролни возила и хеликоптер Супер Пума.
По 40 минути драма, операцијата беше успешно завршена.
Според крајбрежната стража, поради инцидентот, сите 10 родители на децата, како и лицето одговорно за спасувачите, беа уапсени за изложување на малолетници на опасност, бидејќи на местото на настанот немаше спасител.
Потоа сите беа ослободени.