Приемот на Косово во Советот на Европа не е на дневен ред на седницата на Комитетот на министри за надворешни работи, што се одржува следната недела, соопштија за Гласот на Америка во таа меѓународна организација.
„Во овој момент не можеме да утврдиме кога тоа би можело да се случи. Официјалните ставови во врска со ова се во надлежност на релевантните национални органи“, се вели во одговорот од Советот на Европа.
Премиерот на Косово Аљбин Курти рече дека не прифаќа почетокот на формирањето на Заедницата на српски општини да биде основа за членство на Косово во Советот на Европа, оценувајќи дека тоа е услов за жалење на меѓународните сојузници.