Совет на Европа: Мисата во Сараево може да прерасне во величење на усташкиот режим

Од:

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, денеска нагласи дека мисата во Сараево за жртвите на Блајбург на крајот на Втората светска војна може да се претвори во глорификација на усташкиот режим, одговорен за смртта на стотици илјади луѓе.

Мисата планирана во Сараево на 16 мај со намера комеморирање војници и цивили кои загинале во Блејбург на крајот на Втората светска војна, ризикува да ги слави сите оние кои го поддржуваа режимот на усташите кој соработуваше со нацистите и беше одговорен за смртта на стотици илјади, наведува во соопштение Мијатовиќ.

Таа додава дека таквата комеморација ќе биде дополнителен напад врз жртвите на режимот, ќе удира по идеалите и принципите на антифашизмот врз кој се градеа европските земји по Втората светска војна и ќе направи сериозен удар за напорите за помирување во регионот.

Политичките и верските водачи во регионот треба да работат заедно за да ја обноват довербата меѓу народот и да се воздржат од преземање чекори што предизвикуваат поделби и нетолеранција, се вели во изјавата на Мијатовиќ.

Жестоки осуди во БиХ, соседните земји и меѓународната заедница предизвика мисата што в сабота треба да ја одржи надбискупот Винко Пуљиќ во Сараевската катедрала.

Би можело да ве интересира

Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Исповед на Мухамед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе водата

Предраг Петровиќ

Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

Предраг Петровиќ

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Комшиќ: Претседателството ќе ги разгледа наводите за руски кампови и терористички ќелии во Босна и Херцеговина

Американски офицер отпуштен поради сексуални престапи во Босна и Херцеговина, ја заврши својата 30-годишна кариера