Состанок на грчките здравствени власти за мерки за спречување на eболата

Од:

Во Атина денеска ќе се одржи состанок на здравствените власти на кој ќе се расправа за дополнителни превентивни мерки за спречување на вирусот на еболата.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, тим на научници од Грчкиот центар за контрола и превенција на болести треба да ги испита најновите податоци во врска со присуството на ебола во Европа и да ги прегледа мерките на претпазливост кои се веќе во сила.

На состанокот треба да присуствува и грчкиот министер за здравство Макис Воридис, а централна тема ќе бидат мерките за спречување на можно ширење на еболата во Грција.

– Ги применуваме сите директиви на Светската здравствена организација, изјави вчера Воридис истакнувајќи дека во сила се директиви на сите излезни и влезни пунктови во Грција, и посебни мерки за луѓето кои доаѓаат од земји со висок ризик.

Според плановите кои беа изготвени во текот на летото, грчките здравствени власти ја одредија болницата Сисманоглио, која е една од најголемите државни болници во Грција и се наоѓа во североисточниот дел на Атина, да се справува со сите сомнителни случаи на ебола. Во рамките на болницата е подготвена посебна зграда со посебен персонал, опрема и сопствена лабораторија за извршување на анализи потребни за да се потврди дали вирусот ебола е присутен или не.

Во следните 10 дена, Министерството за здравство ќе спроведе вежба за тестирање на подготвеноста на болницата да се справи со можен случај на ебола. Експертите истакнуваат дека е неопходно патниците и лекарите правилно да се информираат за ризиците со цел да се избегне повторување на она што се случи во Шпанија, каде што пациентката со денови одела од болница до болница пред да ја добие вистинската дијагноза.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он