Грчкиот Национален совет за надворешна политика денеска одржа специјален состанок за Балканот, на кој министерот за надворешни работи Никос Коѕиас ги информира партиите за неговата посета на осум балкански земји.
– Грција се враќа на Балканот и нашата политика, како што објаснив, има два елементи. Едниот елемент е да се поддржи нашата соработка со секоја земја и нејзиниот курс кон Европската унија. Вториот е повторно да се најде начин да се создаде внатрешен балкански простор, повторно да биде направена балканска периферија – развој што ќе го олесни идното место на сите овие држави во самата Европска Унија, изјави Коѕиас по состанокот.
Тој додаде дека е разговарано за грчката политика за Македонија, Албанија и Косово, како и за Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Коѕиас информирал и за „добрите стратешки односи со Бугарија“.
– Ние, исто така, го нагласивме фактот дека Грција, и покрај своите слабости во економскиот сектор, останува земја со најголем потенцијал на Балканот. Земја која има културен, политичка и историска способност, стручност и искуство од Европската Унија, да придонесе за подобро утре на сите балкански држави, рече шефот на грчката дипломатија.