Сореца: Важно е сите страни да работат на исполнување на условите

Од:

Амбасадорот на Европската Унија во Тирана, Луиџи Сореца, за телевизијата Ора њуз, изјави дека одлуката за отворање преговори за членство со ЕУ останала во сенка на пандемиската криза.

Додаде дека Албанија е во последниот дел од овој процес во однос на започнувањето на преговорите и оти ќе мора да исполни неколку услови.

-Дозволете ми да и честитам на Албанија за таа многу важна одлука, донесена на 25 март од страна на Европскиот совет за започнување на преговори за членство во ЕУ. Веќе знаеме дека таа одлука е засенета од пандемиската криза, но многу е важно дека Албанија е во последниот дел од овој процес, во однос на започнувањето на преговорите. Албанија ќе мора да исполни одредени услови. Веруваме дека ЕК во јуни ќе го објави годишниот извештај за Албанија заедно со преговарачката рамка. Откако рамката за преговори ќе биде одобрена од Советот на ЕУ, ќе се свика првата меѓувладина конференција, под услов Албанија да исполнила одредени услови,рече Сореца.

Евроамбасадорот посочи дека е многу важно да се работи на исполнување тие услови , да се испланира работата, да се вклучат сите страни, сите институции.

Секако,додава тој, прво Владата, опозицијата, Претседателот, граѓанското општество, разни судски институции, со цел да има национално единство.

-Сите треба да бидат обединети околу оваа цел за Албанија и нејзините граѓани и нека овој дух на компромис и соработка што беше виден за време на корона кризата да се искористи правилно и да продолжи така што ќе ја имаме првата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ што е можно поскоро. Но, сето тоа зависи од исполнувањето на условите од страна на Албанија, потенцираше евроамбасадорот Сореца.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он