Сореца: Независните институциии клучни за евроинтеграција на Албанија, затоа треба да се зајакнат

Од:

Амбасадорот на Мисијата на Европската унија во Албанија, Луиџи Сореца побара зајакнување на независните институции, бидејќи според него, тие се клучни за процесот на интеграција на Албанија во Европската унија.

На средба со претставници на независни институции, организирана од албанскиот законодавен дом, Сореца истакна дека Владата и Парламентот треба да преземат мерки за исполнување на препораките од овие институции.

– Дозволете ми прво да кажам дека сум тука за да искажам поддршка за работата на независните институции. ЕУ ги охрабрува напорите на Парламентот и Владата за подобрување на координацијата и одговорноста во работата на независните институции. ЕУ го поздрави механизмот за следење на Парламентот кога беше формиран како таков.

Исто така видовме чекори што се преземени за зајакнување на овој механизам. Итно е за нас да постигнеме повеќе сензибилност и повидливи резултати во јавноста. Овие напори кои влијаат на секој елемент на државната архитектура бараат силна политичка и техничка посветеност, порача Сореца.

Тој посочи дека со своите регулаторни функции независните институции се клучни за демократското владеење, а „за ЕУ улогата во одржувањето баланс на властите, но и на здравиот правен систем и одговорната јавна администрација, се исклучително важни“.

– Независните институции се инструментални за понатамошниот тек или напредок во клучните приоритети договорени од страна на ЕУ и Албанија. Постигнат е одреден напредок, но се уште има предизвици што треба да се третираат. Во годишните извештаи на Европската комисија стои дека Албанија треба да ги зајакне независните институции, вклучувајќи ја и потребата за пополнување на празнините во законодавната рамка, но и начинот како функционираат буџетите и човечките ресурси, изјави Сореца.

Тој порача дека ЕУ очекува резултатите да бидат во континуитет.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он