Девојчето, примено по пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ е во критична состојба и е витално загрозено.
Според в.д. директорот на детската клиника во Тиршова, Синиша Дучиќ, двете примени момчиња се стабилни и се очекува за неколку дена да бидат пуштени на домашно лекување.
„Девојчето кое вчера итно беше оперирано поради повреди на главата е витално загрозено, во критична состојба и на интензивна нега. Лекарите прават се за да ја одржат во живот, но нејзината општа состојба е многу тешка и витално е загрозена“, изјави Дучиќ.
Тој рече дека двете момчиња со прострелни рани на долните екстремитети се стабилни, примаат антибиотска терапија и додаде дека може да се каже дека момчињата се полесни пациенти, односно имаат полесни физички повреди.
Според Дучиќ, момчињата мора да добијат парентерална антибиотска терапија и најверојатно ќе бидат пуштени дома многу брзо, за два-три дена.
„Родителите ги посетуваа момчињата, нашиот психолог е вклучен од почеток. Со родителите комуницираат и телефонски“, рече в.д. директор на клиниката во Тиршова.
Тој рече дека операцијата на девојчето била исклучително тешка, бидејќи се работи за сериозна повреда на мозокот, таа е витално загрозена и е на интензивна нега.