Соња Бисерко во Приштина, средба со премиерот Харадинај

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се сретна денеска во неговиот кабинет со претседателката на Хелсиншкиот комитет на Србија, Соња Бисерко и со нејзината заменичка Изабела Кисиќ, со кои разговарал за актуелните состојби во Косово во однос на човековите права, јави дописникот на МИА од Приштина.

Изразувајќи задоволство за средбата со активистките за човекови права од Белград, Харадинај информира дека со гостинките разговарал за дејствијата кои ги презема Владата на Косово за заштита на уставните права и граѓанските слободи на српската заедница во земјата.

„Косово има најнапреден устав што се однесува до малцинските права и во пракса соработката со нив е во напредната фаза и посветени сме тој напредок да продолжи“, изјави Харадинај.

Бисерко и Кисиќ нагласија дека се подготвени да соработуваат со сите институции со цел заштита на човековите права.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија