Солунскиот градоначалник даде поддршка на белградската Парада на гордоста

Од:

Градоначалникот на Солун, Јанис Батурис до организаторите на Белград за Парадата на гордоста 2013, упати писмо со поддршка и им се придружи со барања за почитување на човековите права на ЛГБТ заедницата во Србија, соопшти Организацискиот одбор на таа манифестација.

Како што се наведува во соопштението Батурис смета дека со успешна Парада може да се зближат Белград и Солун и тој додеде дека мнозинството граѓани не се против истата, туку само не сакаат јавно да го кажат својот став, поради страв од стигматизација.

-Сакаме да им порачаме да дадат поддршка, бидејќи нивниот пријател, роднина или сосед сака да го направи истото-рече тој.

Во соопштението стои дека Парадата на гордоста во Солун се одржува од 2012 година и на истата се собираат повеќе од 10.000 лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Драма на стрелиште во Белград: Маж се заклучи и се заканува дека ќе се самоубие

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната