„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад Аристотел во спомен на загинатите

Од:

Македонците кои живеат и студираат во Солун, точно напладне организираат собир „Солун во молк за Кочани“ на централниот плоштад „Аристотел“ за да им оддадат почит на жртвите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, јави дописничката на МИА од Атина.

Македонците кои ја покренаа иницијативата за МИА откриваат дека планираат 60-минутен молк, по една минута за сите 59 жртви кои трагично загинаа во дискотеката „Пулс“, но и една минута молк за возачот на брзата помош, кој почина откако превезе голем број повредни лица.

Дополнително, во спомен на загинатите ќе има и црни балони, а преку социјалните мрежи објавија повик „Солун се солидаризира со Кочани“.

-Како еден од засегнатите градови, каде што повредените добиваат нега, ве повикуваме да ни се придружиме во изразувањето на нашето најдлабоко сочувство за изгубените животи, за повредените и нивните семејства. Соберете се со нас во момент на молк за да оддадеме почит на нивниот спомен и да покажеме поддршка, пишува во повикот за собирот.

Идејата за собирот се родила откако првите повредени пристигнаа на лекување во Солун и големиот одзив за помош на Македонците кои живеат во овој грчки град.

Би можело да ве интересира

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“