Сојуз за Србија: Вучиќ договара предавање на Бујановац, Прешево и Медвеѓа

Од:

Денешната изјава на Хашим Тачи дека ќе поднесе оставка или ќе распише референдум доколку косовскиот Парламент не го одобри договорот со Белград, според кој на Косово би му припаднале Бујановац, Прешево и Медвеѓа, е уште еден доказ дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ договара предавање на српските општини, а тоа го крие од српската јавност, пишува опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) во соопштението доставено до дописникот на МИА во Белград.

– Сојузот за Србија бара од претседателот веднаш да каже што пишува во т.н. „Договор со Белград“, очевидно веќе понуден на косовските власти и кој уште е предмет на тргување, која тој веројатно ја договора. Го потсетуваме дека Србија не е негов имот, па може да го распарчува и да го подарува според сопствена желба, ниту може да преговара во име на сите граѓани, а од нив да крие што става на преговарачка маса, се наведува во соопштението.

СзС го потсетува српскиот претседател дека откажувањето од дел од српската територија е спротивно на Уставот врз кој тој ја има положено заклетвата.

Сојузот за Србија и понатаму останува доследен на почитувањето на Уставот на Република Србија и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност и смета дека во оваа рамка треба да се водат преговорите за решавање на косовското прашање.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски