Сојлу поднесе оставка по критиките за викенд полицискиот час во Турција, Ердоган не ја прифати

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган не ја прифати оставката на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу соопштија синоќа од кабинетот на шефот на турската држава.

Солју претходно вчера на Твитер соопшти дека се повлекува од функцијата откако беше изложен на критики заради воведениот викенд полициски час во поголемите градови во земјата, како одговор во борбата со ширењето на пандемијата на коронавирусот.

„Претседателот не ја прифати оставката на нашиот министер за внатрешни работи, тој ќе продолжи да ја извршува неговата должност“, соопштија од турското претседателство пренесоа британските медиуми.

Турција во петокот вечерта соопшти дека во сила стапува дводневен полициски час во текот на викендот, а во пресрет на неговиот почеток голем број луѓе ги преплавија продавниците во Истанбул, град со 16 милиони жители, за да се снабдат со храна и пијалоци , како и во другите градови.

Одлуката одеднаш да се воведе полицикси час ја критикуваа голем број граѓани ширум земјата, од кои многумина укажаа на тоа дека со таквиот потег се зголемува ризкот од ширење на вирусот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ