Софија: Побарувачката на Русија за плаќања за гас во рубљи ги прекршува договорите

Од:

Руското барање за плаќање гас во рубљи ги прекршува договорите и не треба да се прифати, изјави денеска владина портпаролка во Софија.

– Ставот на Бугарија, кој е усогласен на европско ниво, е дека таквото прекршување на постоечките договори, во кои јасно е наведено дека плаќањата треба да се вршат во евра или американски долари, нема да биде дозволено, изјави портпаролката Лена Бориславова.

Бугарија задоволува повеќе од 90 отсто од потребите за гас со увоз од руски Газпром.

Центристичката влада на таа земја денеска одржа состанок на кој, според портпаролот, се разговарало за мерките што би можеле да се преземат во случај на прекин на испораките на руски гас.

Бугарија, троши околу три милијарди кубни метри гас годишно, и е во преговори со Азербејџан за зголемување на увозот и бара начини за увоз на течен природен гас (LNG) преку терминалите во Грција и Турција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов