Софија: Го заклал целото семејство па се самоубил

Од:

Бугарска брачна двојка, нивните двајца синови и баба биле пронајдени мртви во стан во Софија со повеќе убоди и прострелни рани по телата, соопшти денеска полицијата.

Еден од синовите, 27-годишник со ментално нарушување, ги убил останатите четири члена на семејството пред да изврши самоубиство, објавија медиумите.

Полицијата, која не сакала да ги потврди информациите на медиумите пред да биде извршена обдукција, нагласи само дека на почетокот на истрагата не се пронајдени докази дека во моментот на злосторството во станот имало и други лица.

Шефот на полицијата во Софија Валери Јорданов истакна дека на местото на злосторството бил пронајден нож и пиштол, кој таткото легално го поседувал.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме