Социјалистите го добија и бастионот на демократите, општина Пешкопеа

Од:

До синоќа на полноќ заврши пребројувањето на гласовите во 52 од вкупно 61 општина во Албанија.

Од прелиминарните резултати 38 општини ќе бидат раководени од кандидати на изборната лева коалиција „Алијанса за европска Албанија“, предводена од владејачката социјалистичка партија на премиерот Еди Рама, во која е и македонската партија, МАЕИ.

Нови градоначалници во 13 општини ќе бидат од изборната коалциија на десницата „Народна алијанса за работа и достоинство“ предводена од демократите на Љуљзим Баша, додека една општина освои партијата на грчкото малцинство „Мега“, која самостојно настапуваше на изборите и ќе ја раководи општина Финиќ.

Меѓу новите градоначалници има и осум жени од левата коалиција.

Левицата со сигурност ја презема и Тирана, зашто социјалистот Ерион Велиај, кој од преборните има добиено 139.981 глас или 53,44 отсто додека неговит најсериозен кандидат, демократот Халим Косова 102.735 гласови или 39,2 отсто.

Социјалистите ја преземаат и пограничната општина Пешкопеа (на 23 километри оддалеченост од Дебар), која важеше за бастион на демократите. Нивен кандидат беше Илир Кроси, кој на ова функција беше три мандати. Нов градоначалник ќе биде Шукри Џелили, кој добил околу 300 гласови повеќе и чија победа на полноќ почнаа да ја слават приврзаниците и членовите на левицата иако за пребројување остануваат уште десттина гласачки кутии.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата