Со руска помош, фабрика за модерно вооружување во Србија

Од:

Србија ќе гради фабрика за модерно вооружување, а потпретеседателот на руската влада Дмитриј Рогозин изразил голема желба да и помогнат на Србија во пласманот. Ова го изјави потпретседателот и министер за одбрана на Србија, Александар Вучиќ кој е во неколкудневна посета на Москва.

„Прв пат сум многу задоволем. Рогозин покажа голема отвореност и голема желба да и помогне на Србија“, изјави Вучиќ.

Тој кажа дека на состанокот станало збор за стратешко-политичките прашања, унапредувањ е на одбранбената политика и развој на српската наменска индустрија, пласирање на робата на рускиот пазар и заеднички српско-руски пласман на трети пазари.

Според него, стручни лица уште од понеделник официјално ќе почнат со изработка на плановите за заеднички модели и заедничко производство.

„Мислам дека тоа ќе даде сериозен резултат во српското стопанство и во наменската индустрија за сите наши десет директни и индиректни воени произведувачи. Тука многу повеќе добива српската страна и задоволен сум што Русите се сложија на таков начин да ни помогнат“, рече Вучиќ.

„До крајот на годината ќе отвориме фабрика за сложени борбени системи, па е потребен пласман на повеќе важни пазари, во што ќе помогне Русија“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието