Околу илјада луѓе денеска се собраа пред седиштето на поранешната грчка државна радио телевизија ЕРТ, кој престана да емитува програма на денешен ден пред една година, во рамките на владината програма за штедење.
Демонстрантите носеа транспаранти на кои пишуваше „Отворена ЕРТ, слободен глас за народот“ и „Една година борба, вие не не плашите“. Слични протести имаше и во Солун.
Неколку синдикати, како и радикалната левица СИРИЗА, главната опозициска партија, вчера повикаа на одбележување на првата годишнина од затворањето на ЕРТ. Поголем број од демонстрантите беа поранешни вработени во ЕРТ.
По неколкуте фази единствениот канал на новиот државен радиотелевизиски сервис НЕРИТ официјално почна да емитува програма на почетокот од мај. Во НЕРИТ се ангажирани дел од поранешните вработени во ЕРТ, кои имаат договори на определно време.