Со голем митинг Вучиќ го започнува формирањето на ново народно движење

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 24 јануари во 17 часот ќе започне кампања за формирање на ново народно движење во Јагодина.

Вучиќ одлучи првиот митинг да го одржи во Јагодина, каде, како што вели, не зборувал повеќе од две децении.

Во Јагодина се очекува да присуствуваат огромен број луѓе од Поморавје и Шумадија, а митингот ќе се одржи на главниот плоштад во тој град.

Истиот ден ќе се организираат и неколку помали собири, а претседателот Вучиќ ќе зборува со народот, бидејќи сака да го слушне нивното мислење. На митинзите ќе се обратат професори, работници, земјоделци и бројни други истакнати членови на општеството, како и млади луѓе кои до сега не биле дел од политиката.

– Првата голема средба ќе биде во Јагодина во петок, на 24 јануари, со почеток, мислам, во 17 часот. Повелете и едвај чекам да се видиме – порача Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Доколку стапат на сила санкциите против НИС, ќе го чекаме одговорот на Русија и потоа ќе реагираме

Вучиќ: Државата секогаш сака да разговара, а ректорот не – ако не сте работеле, не можете да добиете плата

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ се закани со откази и смени: Оди лечи се, му порачаа во Лесковац

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Вучиќ: Изложени сме на терор, Шарената револуција се подготвуваше со години

„Извинете браќа Македонци“ – реакции од Србија откако Вучиќ се шеташе меѓу пациентите со изгореници

Катерина Ѓуровски