Смртни закани до српскиот заменик обвинител за воени злосторства Бруно Векариќ

Од:

Во последните неколку недели Обвинителството за воени злосторства во Белград постојано добива закани, кои својата кулминација ја достигнаа со СМС пораките испратени до заменик обвинителот Бруно Векариќ, соопшти весникот „Блиц“.

-Усташ. Замина за Америка за да ти кажат што да правиш против Србите. Те чека одмазда. Прво ќе ја силувам твојата пријателка – и таа е предавник штом е со тебе, а и ти и таа ќе бидете сменети. Постојано ја следам, како и твоите деца. Да видиш како се чувствуваат Србите во Косово, гласи една од заканувачките пораки.

Векариќ за „Блиц“ изјави дека се постојаните закани се создава атмосфера на линч и дека тој веќе не се чувствува безбедно.

-Драматично е. Во последните пет дена добивам ужасни пораки кои се однесуваат не само за мене, туку и за моите најблиски. Преземени се мерки извршителите да бидат откриени што е можно побрзо, рече Векариќ.

Тој подвлече дека заканите нема да го поколебаат обвинителството, туку ќе го направат уште порешително во извршувањето на својата основна задача – пред лицето на правдата да ги изведе извршителите на најтешките воени злосторства.

Во соопштение на Обвинителството за воени злосторства, цитирано од Танјуг, се посочува дека „кампањата што против Обвинителството ја води пратеникот во српскиот Парламент и претседател на комисијата за Косово, Милован Дрецун, создаде атмосфера на линч со цел најпосле да се спречи работата на обвинителството да ги истражува најтешките дела за масовни воени злосторства“.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ