Словенија загубила десетина милијарди евра заради корупција

Од:

Словенија во изминатите две децении изгубила десетина милијарди евра заради корупција, тврди претседателот на Словенечката Антикорупциска комисија Горан Клеменчич. Тој предупредува дека во Словенија нема транспаренстност и механизам на правна држава.

За споредба, според ЕК загубата на средсва заради корупција во Европа на годишно ниво е околу 120 милијарди евра.

– Се уште немаме транспарентност и механизам на правна држава, што е единствен начин за ефикасна борба против корупцијата во малите држави и затворени економии, изјави тој за Словенечката телевизија. Додаде дека доаѓањето на власт се сфаќа како можност за располагање со јавни добра и укажа дека наместо државата да има нулта толеранција спрема корупцијата, се уште постои нулта стапка на ризик за оние кои се вмешани во корупција и дека за тоа ќе бидат осудени.

– Студијата од Економскиот факултет во Љубљана покажува дека политички поставени членови на управи и надзорни одбори во државни фирми ја намалуваат бизнис ефикасноста, вели Клеменчич. Како најризични области за корупција се работа на банки и инвестиции во енергетика.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски