Словенија забрани слетување на израелски авион, летот беше пренасочен кон Хрватска

Од:

Авионот на израелската компанија Исреир, кој требаше да слета во Љубљана, не доби дозвола за слетување и беше пренасочен кон Загреб, објавиja денеска од Исреир.

Според компанијата, одлуката ја донеле словенечките власти, а Израел тврди дека била политички мотивирана.

Извршниот директор на Исреир, Ури Сиркис, изјави дека овој потег ги крши договорите и прописите за воздухопловство на Европската Унија, пишува „Џерусалем пост“.

Надлежните израелски институции, меѓу кои Министерството за надворешни работи и Управата за цивилно воздухопловство, се вклучија во обидот да се најде решение што ќе овозможи летот да се реализира според планот, но напорите не вродија со плод, рече Сиркис.

Словенија избра премиер кој отворено го поддржува Израел, што е значаен политички пресврт по период обележан со затегнати односи со еврејската држава.

Јанез Јанша беше повторно избран на 22 мај. Ова е неговиот четврти мандат на чело на владата, откако веќе ја извршуваше таа функција од 2004 до 2008 година, од 2012 до 2013 година и од 2020 до 2022 година. Јанша е лидер на десничарски ориентираната Словенечка демократска партија (СДС).

За време на неговиот претходник Роберт Голоб, Словенија се рангираше меѓу европските земји со најкритичен став кон Израел, заедно со Ирска и Шпанија.

Во мај 2024 година, Словенија ја призна палестинската држава, а во јули 2025 година, владата на Голоб воведе санкции врз израелските министри Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич.

Би можело да ве интересира

Јанша потпиша коалиција: „Секој што не е против нас може да биде со нас“

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Словенија воведе ограничување на горивото поради проблеми со снабдувањето

А1он

Како израелска приватна разузнавачка компанија се најде во центарот на словенечките избори

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Македонска инвестиција во словенечкиот приватен здравствен сектор: што значи потегот