Словенија: Пахор и Тирк во втор круг за претседател

Од:

На претседателските избори во Словенија ниеден од тројцата кандидати не го доби потребното мнозинство гласови, а со оглед на досегашните резултати, во вториот круг ќе се натпреваруваат актуелниот шеф на државата Данило Тирк и екс премиерот Борут Пахор.

Според  анкетата, која ја направи агенцијата Медиана, Пахор добил 41, 9 насто од гласовите, Тирк 37, 2 а Милан Звер, третиот кандидат и близок на Јанез Јанша, 20, 8 насто.

Излезеноста во првиот круг на претседателските избори во Словенија според објавените резултати изнесува 37,2 насто, а право на глас имаа 1,73 милиони гласачи.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски