Словенечкиот премиер укажа на проблеми во коалицијата

Од:

Словенечкиот премиер Марјан Шарец денеска во Парламентот изјави дека неговата владина коалиција се соочува со проблеми, кои би можеле да значат „почеток на крајот“ доколку не се дојде до компромисни решенија.

– Во коалицијата има пет партии и тешко е сите да се усогласат, изјави Шарец на почетокот на парламентарната расправа за буџетите за следните две години, околу што дојде до тензии во коалицијата.

Шарец оцени дека доколку нема подготвеност за компромис, има други опции. На својот Фејсбук профил Шарец вчера ја спомна опцијата за формирање друга коалиција.

Тој ја исклучи можноста за предвремени парламентарни избори, појаснувајќи дека тоа не би им одговарало на повеќето партии во сегашниот состав на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски