Словенечкиот Парламент изгласа недоверба на владата на Јанша

Од:

Левоцентристичката опозиција во словенчкиот Парламент изгласа недоверба и ја собори конзервативната влада на премиерот Јанез Јанша.

„За“ недоверба на Владата се изјаснија 55 пратеници, 33 против и еден воздржан од присутните 89 пратеници.

Мандатар на новата влада е лидерката на најголемата опозициска партија Позитивна Словенија (ПС), Аленка Братушек. Таа треба да ја претстави новата влада до 14 март, ако не успее ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори.

Двете партии кои ја напуштија коалицијата со Јанша Граѓанска листа (ГЛ) и Демократската партија на пензионерите (ДеСУС) гласаа за недоверба на владата на Јанша.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг