Повеќе од 26 илјади словенечки пензионери ќе добиваат помали пензии, откако словенечкиот Парламент го усвои законот за намалување на пензиите, кои се доделуваат од државниот буџет.
Во таа категорија вегуваат пензионерите, кои работеле во другите републики на поранешна Југославија, ветерани од војната и поранешни бегалци.
Министерот за финансии Јанез Шуштершиќ изјави дека е подготвен да разговара со опозицијата, доколку на некои категории пензионери премногу им се намалени пензиите.
Опозицијата смета дека законот, усвон во рамки на владини економски мерки за штедење, е противуставен.
Мерките предвидуваат намалување на пензиите, кои изнесуваат над 600 евра, што предизвика големо незадоволство во јавноста. На некои пензионери пензиите им се намалени за 350 евра.