Словенците избираат претседател

Од:

Во Словенија утрово се отворени избирачките места во вториот круг од претседателските избори, во кој силите си ги одмеруваат поранешниот премиер, социјалдемократот Борут Пахор и актуелниот словенечки претседател Данило Тирк.

Според последните истражувања на јавното мислење, Пахор го поддржуваат 55, а Тирк 34 отсто од граѓаните.

Првпат Словенците бираат меѓу двајца левичарски кандидати во вториот круг од изборите, откако конзервативниот пратеник Милан Звер е елиминиран во првиот круг од изборите.

Околу 1,7 милиони избирачи ќе можат да гласаат на над 3.300 избирачки места ширум земјата.

Првите прелиминарни реузлтати треба да бидат соопштени околу 20.30 часот по локално време.

Би можело да ве интересира

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски