Словачкиот екс-премиер, прорускиот Фицо победи на парламентарните избори во Словачка

Од:

Словачкиот левичар и поранешен премиер Роберт Фицо го победи својот прогресивен ривал на парламентарните избори по кампањата за прекин на воената помош за Украина.

На вчерашните парламентарни избори поранешниот словачки премиер, левичарот Фицо го победи својот противкандидат од партијата Прогресивна Словачка. Сепак, врз основа на изборните резултати, јасно е дека тој ќе мора да добие сојузници за да ја формира следната влада на Словачка.

Најголем број гласови на вчерашните избори освои партијата СМЕР ССД на Фицо – 23,37 отсто во 98 отсто од гласачките единици, потоа либералната Прогресивна Словачка (ПС) со 16,86 отсто од гласовите и партијата ХЛАС (Глас) која е на трето место со Освоени се 15,03 отсто од гласовите, а чија соработка би можела да стане многу важна за формирањето на идната влада, пишува Ројтерс.

Би-Би-Си објави дека врз основа на речиси сите преброени гласови, јасно е дека „проруската партија предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо“ победила на парламентарните избори во Словачка.

Неговата партија Смер ССД, која за време на кампањата вети дека веднаш ќе ја прекине воената поддршка за Украина, освои речиси 24 отсто од гласовите. Фицо во 2018 година беше принуден да се повлече од премиерската функција по убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак, а по овие избори, судејќи според резултатите, ќе мора да почне коалициски преговори за формирање на идната влада, јавува Би-Би-Си.

Проевропската партија Хлас, која би можела да одлучи кој ќе ја формира следната влада, го зазеде третото место со освоени 15 отсто од гласовите, а лидерот на партијата и поранешен колега на Фицо, Питер Пелегрини, најави дека се отворени сите можности за создавање на идна владејачка коалиција.

-Доколку Смер влезе во владата, нема да испратиме ниту еден куршум во Украина, им порача неодамна Фицо на своите приврзаници и оцени дека војната всушност почнала во 2014 година, кога, како што навел, „украинските нацисти и фашисти почнале да го убиваат руското население во Донбас“.

Оваа закана на Фицо предизвика загриженост кај членките на Европската унија и НАТО, но на социјалните мрежи доби поддршка кај Словаците кои традиционално имаат „топли чувства“ кон Москва, оценува Би-Би-Си.

Партијата Прогресивна Словачка, која е на второ место по бројот на освоени гласови, е либерална, прозападна партија која ветува дека ќе продолжи воено да ја поддржува Украина.

Влада предводена од Фицо би значело дека Словачка и се приклучува на Унгарија меѓу земјите на ЕУ кои го доведуваат во прашање консензусот на блокот за поддршката за Украина, во време кога Европската унија сака да го задржи единството во соочувањето со руската инвазија.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Бугарија оди на седми избори во последните три години: „Ова е деструктивно“

Горан Наумовски