Словачка затвора граници во обид да спречи ширење на коронавирусот

Од:

Словачка ги затвори копнените граници како дел од мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус, со што се суспендирани нормалните правила на Шенген зоната.

Словачка од денеска наутро воведува проверки на граничните премини на сообраќајот од сите соседни земји, освен од Полска.

Патниците кои не можат да докажат за престој во земјата или да покажат валиден словачки пасош, ќе бидат вратени назад, потврди портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

По затворањето на своите аеродроми на почетокот од оваа недела, Словачка ги прекина меѓународните железнички и автобуски врски со сите шест свои соседи, од кои четири припаѓаат на Шенген.

Од синоќа, Словачка потврди 21 случај на заразени со коронавирусот и нема смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Мечка нападна и усмрти маж во Словачка

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо