Следната среда СБ на ОН ќе одржи седница посветена на БиХ

Од:

Советот за безбедност на ОН на 11 мај ќе одржи седница посветена на ситуацијата во Босна и Херцеговина. Дебатата и анализата на ситуацијата во БиХ се должи на политичката криза и тензиите во земјата кои траат речиси една година, но и војната во Украина и, како што се наведува, „проруското влијание на Балканот“.

Во ноември минатата година Русија и Кина успеаја да го спречат обраќањето на високиот претставник во БиХ Кристијан Шмит пред Советот за безбедност, но според сараевски меидуми сега постои опција Шмит да се обрати пред Советот за безбедност и да го изнесе својот став за ситуацијата во БиХ за време на неговиот мандат. Со Советот за безбедност овој месец претседаваат САД.

Како што јавува саревскиот информативен портал Кликс, за длабоката криза, блокадата на државните институции, подривање на Дејтонскиот мировен договор, антиуставни потези, како и раст на национализмот и ширење на проруско влијание, „задолжени се политичарите и партиите на власт во Република Српска, што го препознаа и САД и ЕУ“.

Претставници на РС, исто така, се уште го оспоруваат легитимитетот на високиот меѓународен претставник Шмит, како и присуството на силите на ЕУФОР во БиХ, односно продолжување на мандатот на мисијата Алтеа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница