Славој Жижек се сомнева дека новата влада ќе ги запре протестите во Словенија

Од:

 Новата Влада на Аленка Братушек нема да успее да ги запре протестите против домашната политичка елита, кои се повторно најавени за крајот на следната недела, оцени угледниот словенечки филозоф и општествен теоретирач, Славој Жижек.

Тој за љубљанско „Дело“ изјави дека поголем потенцијал за потребните општествени и политички промени гледа во уличните протести во словенечките градови изминатите месеци, отколку во составувањето нова влада, која би ја предводела Братушек, откако на конзервативната влада на Јанез Јанша и беше изгласана недоверба.

Жижек уличните протести против етаблираните политички класи во Словенија ги гледа како одраз на сличните движења во светот, кои настанаа поради општествените антагонизми предизвикани од глобалниот финансиски капитализам.

Жижек, беше еден од духовните ментори на движењето „Окупирајте го Волстрит“ во Њујорк во 2011 година. Тој смета дека условите кои на малите земји им ги поставуваат меѓународните финансиски установи за излегување од должничката криза се „диктат“, што предизвикува отпор поради неисполнувањето на очекувањата на луѓето.

Тој се залага за конституирање на нова левица, која на тоа би знаела да одговори и да ги поддржи барањата на учесниците во протестите за новиот демократски модел со повеќе непосредно влијание врз донесувањето на одлуките.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски