Скурлетис: Само предвремени избори можат да ја вратат политичката стабилност во Грција

Од:

Само предвремени избори можат да ја вратат политичката стабилност во Грција, изјави грчкиот министер за животна средина и енергетика Панос Скурлетис за телевизијата Скај.

– За три недели Владата доби удари од некои пратеници од владината коалиција. Оваа ситуација не може да се дефинира како одржлива. Изборите се потребни за политичка стабилност во земјата, додаде Скурлетис.

Коментирајќи кога би биле изборите, тој рече дека „треба да се одржат наскоро“.

На 14 август за новиот договор за кредит гласаа 118 пратеници од партиите кои ја сочинуваат владината коалиција – Сизира и Независни Грци, а премиерот Алексис Ципрас соопшти дека планира да побара од Парламентот гласање доверба за неговиот кабинет. Се очекува гласањето да биде побарано откако земјата на 20 август ќе ја добие првата транша од новата помош.

Опозициските партии Нова демократија и ПАСОК веќе рекоа дека нема да поддржат гласање доверба на Владата, што практично може да доведе до објавувањето на предвремени парламентарни избори.

Кабинетот на Ципрас моментално не располага со потребното мнозинство од 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот и се потпира на поддршка на 120 пратеници од владејачката коалиција, што се смета за „психолошки минимум“. При оваа ситуација, Парламентот може да усвојува само закони кои ги поддржува и опозицијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит