Скопјанецот Суад Куртовиќ извршител на убиство во Сараево

Од:

29-годишниот Суад Куртовиќ од Скопје и 23-годишниот Мирза Милиќ од Сараево, со директен убод од нож, минатиот викенд го усмртија 49-годишниот Сараевчанец, Харис Жига.

Одреден им е 30 дневен притвор. Жига бил убиен оти му притекнал во помош на еден работник во продавница, кого двајцата обвинети го малтретирале.

Убиството на Жига, ги потресе Сараевчани, особено бидејќи за време на војната бил во првите редови на одбраната на Сараево. „Се бореше за слободата на децата, кои денеска со ладно оружје шетаат по улиците на Сараево и ги убиваат тие кои им помогнале да преживеат“ – изјави за медиумите еден од пријателите и соборци на Жига, кој, за време на војната, бил припадник и на единицата “Зелени беретки“, на Армијата на БиХ.

Токму тие, беа организатори на вчерапшниот протест по улиците на Сараево. Ним им се придружија и бројни граѓани, кои со протест пред Владата на Кантон Сараево, пред седиштето на полицијата и судот, бараа одговорност и поголема ангажираност на државните органи, кога станува збор за сигурноста и безбедноста на граѓаните.

Пред секоја од овие институции, тие оставија празен ковчег, со кои симболично го поставија прашањето: Кој е следниот?

И додека едни бараат поголема сигурност по улиците на Сараево, политичарите на власт сметаат дека протестите имаат политичка позадина. Можеби е и така, но сигурно е дека Сараево, за обичниот граѓанин, секојдневно станува се помалку безбеден град.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина