Полициската акција во селото Лазарат, која почна минатата недела и се уште трае предизвика скок на цената на тоа наркотично средство на грчкиот нарко пазар.
Извори од Генералната управа на грчката полиција потврдиле дека грчките агенти од анти дрога секторот веднаш забележале дека цената на марихуаната пораснала на домашниот пазар.
Врз тоа секако влијание имаат и зајакнатите мерки на контрола на грчко-албанската граница, која ја надлетуваат и хеликоптери на грчката полиција.
Сепак, колкава е сегашната цена не се наведува. Според последните информации од албанската полиција во селото Лазарат уништени се 40 тони марихуана и хашиш, над 120 илјади стебла на марихуана а запленет е цел арсенал оружје и муниција. Акцијата сеуште трае и се контролира секој објект во селото, како и пошироката територија. Акција на октривање насади со марихуна и нивно уништување се проведува и во други делови на земјата.