СКАНДАЛ: Претседателот и директорот на СВП во Србија под името БЈРМ

Од:

Претседателот на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, Славе Ѓорго Димовски и директорот на фестивалот, Мите Стефоски, и двајцата именувани на овие позиции од страна на министерката за култура, Елизабета Канчевска-Милевска, од 20 до 25 септември учествуваат во Србија на 49. Белградски меѓународни средби на писателите претставувајќи ја, како што официјално стои, БЈРМ.

Овие средби ги организира Друштвото на писателите на Србија, земја што ја признава Македонија под уставното име, а Димовски и Стефоски се наоѓаат и на официјалниот плакат и на официјалната страница за одржувањето на манифестацијата, но за земјата од која доаѓаат не се користи уставното име, туку референцата „Поранешна југословенска република Македонија“.

Освен овие двајца автори, на средбата ќе присуствуваат и Разме и Бистра Кумбаровски, исто така од Поранешната југословенска република.

Со оглед на тоа што Стефоски не ѝ е познат на пошироката јавност како автор и поет, скандалот е уште поголем ако е поканет како официјално лице на манифестацијата со која раководи, а која е под државна капа.

Еве што стои во официјалниот линк.

Би можело да ве интересира

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов