Сите соработници на министерот Варуфаклис отстранети од грчкиот тим за преговори со кредиторите

Од:

Освен грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис од преговорачката екипа со кредиторите се отстранети и неговите соработници, информира весникот „Та неа“.

Весникот тврди дека одлуката на грчката Влада за отстранување на Варуфакис и на неговите соработници од преговорачкиот тим е конечна, пренесува БТА.

На овие преговори грчката Влада ќе ја претставува седумчлена група на чело со Јоргос Хулиаракос, кој се смета за близок соработник на вицепремиерот Јанис Драгасакис.

Според „Та неа“, во оваа комисија нема да учествува ниту еден соработник на министерот Варуфакис.

Од составот на преговорачката екипа се сменети главниот секретар, одговорен за финансиската и буџетската политика и досегашен шеф на екипата, Никос Теохаракис, како и советничката на министерот за финанси, Елена Панарити.

Оваа нова околност е знак за апсолутното владино незадоволство од работата на претходната екипа за преговорите со кредиторите, забележува весникот.

Во новата екипа, меѓутоа, ќе учествуваат тројца соработници на премиерот Алексис Ципрас, еден на вицепремиерот Јанис Драгасакис,
еден на координаторот на преговорите, заменик министерот за финансии Евклидис Цакалотос и еден соработник на министерот за економија Јоргос Статакис.

Од владиниот кабинет во екипата активна улога му е доверена на еономскиот советник на премиерот Франгискос Кутендакис, советникот на Ципрас за европските прашања Панајотис Павлопулос и шефицата на кабинетот на премиерот Константина Киндони. Тројцата минатаа недела во париз учествивале во работата на таканаречената „Бриселска група“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит