Сириза има половина процент поголема популарност од Нова демократија пред изборите за Европскиот парламент во Грција на 25 мај, иако конзервативците имаат за 1,4 отсто поголема веројатност да победат ако денеска се одржат општи избори, покажа анкета на што ја спроведе компанијата „ГПО“ за телевизијата Мега.
Испитувањето, спроведено од 8 до 12 мај, покажа дека левичарската опозиција води со 21,5 отсто во однос на Нова демократија за која би гласале 21 проценти од избирачите на претстојните избори за Европскиот парламент.
Новата партија Потами (Река) е на трето место со 8,5 отсто од гласовите, по неа е неофашистичката Златна зора со 7,5 отсто, а Грчката комунистичка партија (ККЕ) ја има поддршката од седум проценти од избирачите.
Речиси 14 отсто од испитаниците ( 13,8 проценти ) рекле дека се неопределени.
Во исто време, на прашањето за кого би гласале ако сега се одржат општи избори, 24,5 отсто од испитаниците биле за Нова демократија, додека Сириза ја има поддршката од 23,1 отсто од гласачите.
ККЕ е трета со 7,2 отсто , додека за Потами и Златна зора се 7 и 6,9 проценти од избирачите. Неопределени биле 12,1 отсто од испитаниците.