СИРИЗА со големо водство пред Нова демократија

Од:

Грчката владејачката партија СИРИЗА се уште води со значителна предност пред десничарската Нова демократија. Две нови мерење на јавното мислење, едната анкета за весникот „То Вима“, другата за неделното издание на „Прото тема“, покажуваат дека независно од проблемите со европските партнери рејтингот на СИРИЗА во споредба со Нова демократија не опаѓа.

Според анкетата на „То Вима“, СИРИЗА има доверба од 36,9 отсто од граѓаните, додека пак Нова демократија има рејтинг од 21,7 отсто. На трето место е партијата Река со поддршка од 7,3 отсто, Златна зора е четврта со 5,7 отсто, Комунистичката партија ја поддржуваат пет отсто од анкетираните, коалицискиот партнер на СИРИЗА Независни Грци се зад нив со поддршка од 4,6 отсто, додека пак последни се ПАСОК со рејтинг од само 3,9 отсто.

Резултатите за весникот „Прото тема“ покажуваат дека СИРИЗА води со рејтинг од 35,9 отсто, додека пак Нова демократија и кај нив има 21,8 отсто. Според анкетата за „Прото тема“ на трето место е Река, потоа Комунистичката партија, Златна зора со 5 отсто поддршка, Независни Грци и на крај ПАСОК.

Анкетата на „То Вима“ покажала дека 71,9 отсто од испитаниците сметаат дека да се постигне договорот со кредиторите ќе биде добро за државата. Дури 68,8 отсто изјавиле дека сметаат оти постои ризик Грција да биде исклучена од еврото, а 72,9 отсто сакаат државата да остане во еврозоната. Вкупно 52,4 отсто од испитаниците сметаат дека државата е на раб на банкрот.

Половина од испитаниците, 50 отсто од се согласуваат со начинот и тактиката на преговарање на владата. Од испитаниците за „То вима“ дури 62 отсто изјавиле дека се загрижени за потенцијален банкрот.

Анкетите покажуваат дека народот ниту сака, ниту е спремен за нови избори. Само 15-18 отсто од испитаниците изјавиле дека би сакале нови избори во овој момент.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит