Сириза: Самарас се врати со празни раце од средбата со Меркел

Од:

Грчкиот премиер Андонис Самарас уште еднаш „не ги исполни очекувањата“, изјави портпаролот на грчката опозициска партија Сириза Панос Скурлетис, коментирајќи ја средбата на Самарас со германската канцеларка Меркел.

– Понекогаш, ѓаволот е во деталите и мислам дека Меркел и Самарас беа апсолутно јасни за една точка. Меркел рече дека работите ќе напредуваат на таков начин што ќе доведе до завршување на програмата на меморандумот. Самарас, со малку поинаков зборови, го рече токму истото, дека ние ќе се движиме во рамките на програмата на меморандумот, изјави Скурлетис за  телевизијата Антена.

Како резултат на тоа, верувам дека Самарас отиде и се врати со празни раце, рече портпаролот на Сириза додавајќи дека на средбата не ништо конкретно договорено.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит