Сириза не очекува да биде избран нов претседател на Грција

Од:

Нешто повеќе од 24 часа пред првиот критичен круг гласање за нов претседател на Грција, најголемата опозициска партија Сириза е убедена дека Владата нема да успее во изборот на шеф на државата, со што ќе се отвори пат за предвремени избори во јануари 2015 година.

– Со голем број пратеници навидум неопределени и поради тоа под голем притисок, лидерот на Сириза, Алексис Ципрас во последните неколку дена зазеде поагресивен и поларизиран став и го обвини премиерот дека веројатно исценирал дека луѓето во паника вадат пари од банка и рекол оти сите ќе играат на музиката на Сириза, со што предизвика загриженост кај некои независни пратеници, пишува „То Вима“.

Функционери на Сириза се убедени дека Владата нема да биде во можност да добие 180 гласови кои се неопходни во третиот и последен круг од гласањето, тврдејќи дека има 126 или 127 пратеници кои ќе гласаат против претседателскиот кандидат Ставрос Димас.

И покрај ова, постои загриженост во врска со ставот на Демократската левица, откако нејзиниот лидер Фотис Кувелис за радио „Вима 99,5 ФМ“ изјави дека пратениците на неговата партија кои ќе изберат да ја поддржат кандидатурата на Димас, нема да ги смета за „отпадници или продадени“.

Се шпекулира дека со оваа изјава Кувелис сака да изврши притисок врз Сириза во преговорите за условите на постизборна коалиција, доколку има предвремени парламентарни избори.

На владејачката коалиција и треба двотретинско мнозинство, што значи поддршка од 200 пратеници во Парламентот, кој брои 300 членови, за Ставрос Димас да биде избран во првиот круг. Ако тоа не успее, вториот круг ќе се одржи по пет дена, на 23 декември, на кој исто така се потребни 200 гласови. Третиот и последен круг од гласањето ќе се одржи на 29 декември, но овој пат потребното мнозинство гласови ќе се намали на 180 пратеници, што е и целта на Владата.

Ако претседателските избори не успеат, Парламентот ќе биде распуштен во рок од десет дена, а предвремените избори ќе се одржат најрано на 25 јануари и 1 февруари. Досегашните анкети покажуваат дека на евентуалните предвремени избори ќе победи главната опозициска партија Сириза.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит