Сириза ја обвини Нова демократија дека и се додворува на Златна зора

Од:

Грчката опозициска партија Сириза ја обвини владејачката Нова демократија дека и се „додворува“ на неофашистичката „Златна зора“ пред денешниот состанок на лидерите на трите коалициски партии на кој ќе се бара решение за несогласувањата околу законот против расизам.

Портпаролот на Сириза Панос Скурлетис во изјава за грчкото „Скај радио“ денеска ја обвини партијата на премиерот Андонис Самарас дека има директна поврзаност со „Златна зора“, јави дописникот на МИА од Атина.

– Постои свесна политичка конвергенција меѓу владата и неонацистичката Златна зора, изјави Скурлетис.

Тој нагласи дека ако денешната средба меѓукоалициските лидери заврши без договор и ако законот не влезе во Парламентот, левичарската партија ќе изврши притисок за составување нов закон против расизмот.

– Сепак, справувањето со неонацизмот не е само прашање на еден нацрт-закон, додаде Скурлетис.

Законот, кој има за цел да наметне построги казни за расна омраза и претставува обид на Владата да го намали влијанието на неофашистичката „Златна зора“, предизвика проширување на јазот во нестабилната владина коалиција затоа што ПАСОК и Демократската левица вршат притисок тој веднаш да биде доставен до Парламентот, додека Нова демократија бара некои измени во него.

Би можело да ве интересира

Илјадници Грци патуваат во Македонија за поевтини производи

Ципрас поднесе оставка од лидерското место во Сириза

Идентификувани уште шестмина за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски

Катерина Ѓуровски

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски

Во САД реакции за упадот на изложбата на македонски уметник во Солун

Ана Ололовска

Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за упадот на изложбата на Андреевски

Ана Ололовска